Отвори во прелистувач
Билтен #3
април 2019

Почитувани,

Ви го испраќаме априлскиот број на Билтенот на Граѓанскиот ресурсен центар во кој може да прочитате за нашите активности, досега постигнатите резултатите и следни настани. Во однос на други настани важни за граѓанското општество во овој број акцент ставаме на Конференцијата за закони по мерки на граѓанските организации, Меѓународната недела на граѓанското општество и Форумот на граѓанското општество во Западен Балкан.  

Со почит,
Тимот на Граѓанскиот ресурсен центар

Активностите на Граѓанскиот ресурсен центар - ГРЦ во април 2019
Повик за партнерски грантови за организациски развој

Овој повик ќе поддржи заеднички апликации на мали локални организации и поразвиени организации, при што развиената организација има улога на ментор што ќе обезбеди поддршка во процесите на подобрување на внатрешната структура и јакнење на малите локални организации корисници на менторската поддршка.

Рок за аплицирање е 8 мај 2019, до 17 часот.

Повик за партнерски грантови за организациски развој

Спроведени четири информативни сесии

Граѓанскиот ресурсен центар организираше четири информативни сесии во Скопје, Струмица, Кичево и Битола за отворениот повик за партнерски грантови за организациски развој. Повеќе од 60 претставници на граѓанските организации имаа можност да поставуваат прашања и да добијат одговори и појаснувања за повикот.

Организирани средби на Мобилниот ресурсен центар

Во април Граѓанскиот ресурсен центар организираше посети на Мобилниот ресурсен центар во Радовиш и во Боговиње. Во Радовиш на средбата со граѓанските организации беше истакната добрата соработка помеѓу помалите и посилните здруженија, најчесто фокусирана на отстапување простор и други ресурси при организирање активности.

На 4 април во Боговиње беше организирана средба со градоначалникот Аљбон Џемаили со фокус на поддршката што општината ја обезбедува за организациите и потребата од поттикнување на граѓански активизам и активирање на граѓанското општество во општината.

Прочитајте повеќе за посетата на Мобилниот ресурсен центар во Радовиш.

Ин Виво од група ентузијасти до функционално здружение

Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ) може да биде клучната алка за една организација да зајакне и да направи важни општествени промени. Таков беше случајот со Здружението на граѓани за социјален и економски развој Ин Виво од Скопје.

Граѓанскиот ресурсен центар им помогна во процесот на основање, а потоа на нивните членови им пренесе основни предзнаења за работата на граѓанските организации преку консултации и обуки.

Прочитајте повеќе за нивната успешна приказна

Обезбедена поддршка од ГРЦ (15 февруари 2018 - 30 април 2019)

Одговорено на 358 барања за советодавна поддршка. Заинтересираните организации можат да постават прашања преку барањето за поддршка или да се обратат директно до канцелариите на ресурсните центри во Скопје, Штип и Гостивар.

Испратени се 243 релевантни информации до граѓанските организации. Доколку сакате да добивате информации, приклучете се на листата за дистрибуција.

Организирани се 131 настани во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар од страна на граѓански организации или други чинители. За користење на просториите, пополнете го соодветното барање.

Подготвени и споделени се 15 месечни прегледи на финансиски можности за граѓански организации за вкупно 155 отворени повици. Погледнете ги достапните месечни прегледи за финансиски можности за граѓански организации.

Подготвени и споделени се 38 неделни прегледи со информации за започнати процеси на подготовка на закони и нацрт-закони објавени на ЕНЕР и десет месечни прегледи од следењето на отвореноста на процесите на подготовка на законите. Погледнете ги неделните и месечните прегледи.

Следни настани на ГРЦ
Kалендар на настани
  • Мобилен ресурсен центар во Дебар, 21 мај 2019 година, Дебар
  • Мобилен ресурсен центар во Прилеп, 28 мај 2019 година, Прилеп
  • Мобилен ресурсен центар во Пробиштип, 30 мај 2019 година, Пробиштип
Поважни информации за граѓанското општество и овозможувачкото опкружување за ГО

Во овој дел од Билтенот известуваме за битни информации за граѓанското општество кои ги преземаат и спроведуваат други општествени чинители

Потребата од измена на Законот за донации и спонзорства во јавните дејности во согласност со добрите практики на регулирање на филантропијата во Европската Унија, поновите измени во даночниот третман на граѓанските организации, нивната улога како работодавачи, новите активни мерки за вработување што тие можат да ги користат со цел зголемување на вработеноста во земјата, беа дел од темите за кои се зборуваше на Конференцијата за закони по мерка на граѓанските организации одржана на 23 април 2019 год. Настанот беше организиран во рамки на проектот “Промени за одржливост” финансиран од Европската Унија а спроведуван од здружението Конект во партнерство со Фондацијата Аполонија и Центарот за даночна политика. 

Неделата 8-12 април во Белград се одржа Меѓународната недела на граѓанско општество во организација на Цивикус, Граѓанска иницијатива од Србија и Балканската мрежа за развој на граѓанското општество. Темата на овогодишниот настан беше “Моќта на заедништвото”. 

Програмата се фокусираше на три взаемно поврзани сесии:

  • Сесија Мостови – истражување како се менува сегашниот регионален и глобален контекст на граѓанското општество и ги поврзуваат учесниците и ја зајакнуваат соработката;
  • Сесија Улици – барање начини за градење конституенти и продлабочување на потребните вештини за успешен граѓански активизам и дејствување; и
  • Сесија Скали – утврдување на начини за градење и одржување на колективното влијание, и поврзување на локалните и глобалните напори.

Прочитајте повеќе (Цивикус)

Прочитајте повеќе (БЦСДН)

Европскиот економски и социјален комитет го организираше седмиот Форум на граѓанското општество во Западен Балкан на 16-17 април 2019 година во Тирана.
Главни теми на Форумот беа улогата на граѓанските организации во унапредување на регионалната соработка (трговија и инвестиции, поврзаноста и односите меѓу луѓето), состојбата на социјалниот дијалог, како и овозможувачката околина за граѓанско општество во Западен Балкан. На Форумот учествуваа околу 180 учесници, вклучувајќи претставници на граѓанското општество од ЕУ и Западен Балкан, како и претставници од институциите на ЕУ, меѓународни организации и претставници на владите во регионот. На крајот од настанот беше донесена Завршна Изјава со препораки од граѓанските организации.

Прочитајте повеќе

РЦ Скопје

Тел: +389 2 3237 784
info@rcgo.mk

РЦ Гостивар

info.gv@rcgo.mk

РЦ Штип

Тел: +389 32 397 707 лок 208
info.st@rcgo.mk

facebook
ГРАЃАНСКИ РЕСУРСЕН ЦЕНТАР

ул. Кирил и Методиј, бр. 50, реон 7, 1000 Скопје
www.rcgo.mk

Овој билтен е подготвен со помош на Европската Унија. Содржината на овој билтен е единствена одговорност на спроведувачите на проектот и во никој случај не може да се смета дека е одраз на ставовите на Европската Унија.

Го добивте овој билтен бидејќи сте дел од листата за споделување информации.

Одјавете се доколку не сакате да добивате билтен