Отвори во прелистувач
Билтен #4
мај 2019

Почитувани,
Во овој број покрај информациите за активностите на Граѓанскиот ресурсен центар ве информираме за низа настани и иницијативи што се случија во мај како формирањето на Мрежата на социјални претпријатија, настанот за реформите на системот за државно финансирање, изготвувањето на Законот за младинско учество и младинска политика итн.

Со почит,
Тимот на Граѓанскиот ресурсен центар

Активностите на Граѓанскиот ресурсен центар во мај 2019
Доделени 8 партнерски грантови за организациски развој

Заврши постапката за избор на грантисти за партнерски грантови за организациски развој на мали, локални организации. Доделени се грантови на: 

  - ЗГ Нов мост, Прилеп
  - Здружение на правници “Легал тхинк”, Штип 
  - Нексус – граѓански концепт, Скопје
  - Хуманитарно и добротворно здружени на ромската интелигенција – Англунипе, Тетово
  - Здружение Мрежа на млади фармери од Дебарца 
  - Здружение на граѓани Велес Бајкинг
  - ЦСРД Призма, Скопје
  - Центар за образовни и развојни иницијативи ИНОВА ЛАБ, Битола

Спроведена средба за улогата на организациите во неформалното образование

Поедноставување на процедурите за верификација на програмите за неформално образование и верификација на институциите кои ги обезбедуваат тие програми е едно од главните барања на организациите на средбата на тема “Улогата на граѓанските организации во обезбедување на квалитетно неформално образование”. Средбата се одржа на 27 мај во Граѓанскиот ресурсен центар на иницијатива на организацијата Едукативен културен центар “Нана”.

Прочитајте повеќе

Организирани средби на Мобилниот ресурсен центар

Во мај Граѓанскиот ресурсен центар организираше посети на Мобилниот ресурсен центар во Дебар, Прилеп и во Пробиштип.

Советот за соработка со и развој на граѓанските организации беше во фокусот на средбата со организациите во Прилеп. Главни предизвици на организациите во Пробиштип се недостаток на простор и на обучен персонал во ГО како и ниска заинтересираност за волонтирање. Здруженијата од Дебар истакнаа дека најголем предизвик е одржливоста и одливот на кадарот од организациите, а имаат и проблеми со простории и опрема за непречено работење.

Прочитајте повеќе за посетата на Мобилниот ресурсен центар во Дебар, Прилеп и Пробиштип.

Еквинокс скаут – организацијата која го “воскресна” извидништвото во Штип

“Нашата врска со Граѓанскиот ресурсен центар е нешто посебно и таа трае уште пред официјално да почне да функционира Извидничкиот одред Еквинокс Скаут. Таа врска започна уште со раѓањето на нашата идеа за формирање организација и тоа преку советите, информациите, мотивацските зборови на вработените во ресурсниот центар во Штип за кои неизмерно сме им благодарни“, вели Дарко Тошиќ од И.О. Еквинокс Скаут.

Прочитајте повеќе за нивната успешна приказна

Обезбедена поддршка од ГРЦ во периодот 15 февруари 2018 – 31 мај 2019 година

Одговорено е на 395 барања за советодавна поддршка. Заинтересираните организации можат да постават прашања преку барањето за поддршка или да се обратат директно до канцелариите на ресурсните центри во Скопје, Штип и Гостивар.

Испратени се 278 релевантни информации до граѓанските организации. Доколку сакате да добивате информации, приклучете се на листата за дистрибуција.

Организирани се 145 настани во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар од страна на граѓански организации или други чинители. За користење на просториите, пополнете го соодветното барање.

Подготвени и споделени 16 месечни прегледи на финансиски можности за граѓански организации со вкупно 172 отворен повик. Погледнете ги достапните месечни прегледи за финансиски можности за граѓански организации.

Подготвени и споделени се 40 неделен преглед со информации за започнати процеси на подготовка на закони и нацрт-закони објавени на ЕНЕР и 11 месечни прегледи од следењето на отвореноста на процесите на подготовка на законите. Погледнете ги неделните и месечните прегледи.

Следни настани на ГРЦ
Kалендар на настани
  • Мобилен ресурсен центар во Куманово, 13 јуни 2019 година, Национален ромски центар, Куманово
  • Дебата за Извештајот од анализата на овозможувачко опкружување за граѓанските организации за 2018, 9 јули 2019 година, Скопје
Поважни информации за граѓанското општество и овозможувачкото опкружување за ГО

Во овој дел од Билтенот редовно ќе известуваме за битни информации за граѓанското општество кои ги преземаат и спроведуваат други општествени чинители

На 15 мај, во Скопје се одржа настан за промоција на националната Мрежа на социјални претпријатија. На настанот беше потпишана Декларација со која сите засегнати страни изразија подготвеност да дадат свој придонес во еко системот за развој на социјалното претприемништво во земјата. Формирањето на мрежата беше иницирано од Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој “Паблик”.

Прочитајте повеќе за Мрежата на социјални претпријатија


**********************************************************************************************

На конференцијата Реформи на системот за државно финансирање на граѓанските организации организирана од МЦМС на 22 мај се истакна дека целите на подобрениот реформираниот модел за државно финансирање на граѓанските организации треба да се однесуваат на: зголемување на висината на средства наменети за финансирање на ГО; обезбедување институционална поддршка за граѓанските организации; обезбедување кофинансирање на активностите кои се поддржани од други донатори; напуштање на праксата на едногодишно и неизвесно финансирање, и градење свесност и пракса за повеќегодишни организациска и проктна поддршка; зголемена висина на индивидуалните грантови; унапредување на транспарентноста, ефективноста и отчетноста на постапката на дистрибуирање на средствата; зголемена отчетност и транспарентност на граѓанските организации за потрошените средства доделени од страна на државата, но и општо во нивното работење; обезбедување соодветна географска распределба на поддршката од државата за граѓанските организации.

Прочитајте повеќе за конференцијата

**********************************************************************************************

Во мај беа организирани неколку консултативни средби на Владата со граѓанските организации за изготвување на Националната стратегија за развој на концептот за едно општество и интеркултурализмот. Овој консултативен процес ќе продолжи и во јуни.

Прочитајте повеќе


**********************************************************************************************

Во мај започна консултативниот процес за изготвување на Законот за младинско учество и младинска политика. Коалиција на младински организации СЕГА и Националниот младински совет на Македонија се дел од работната група за изготвување на Законот. Коментари по предлог-законот може да се достават до 30 јуни.


Прочитајте повеќе
 


**********************************************************************************************

Редовна и интензивна соработка, поедноставување на процедурите за граѓанските иницијативи, ажурирани листи за комуникација со граѓанските организации, поголема информираност и почести редовни средби со граѓанските организации беа главните заклучоци на Националниот форум на Цивика мобилитас „Соработката помеѓу Собранието и граѓанските организации“ кој се одржа на 28 мај 2019 година.

Прочитајте повеќе за форумот

РЦ Скопје

Тел: +389 2 3237 784
info@rcgo.mk

РЦ Гостивар

info.gv@rcgo.mk

РЦ Штип

Тел: +389 32 397 707 лок 208
info.st@rcgo.mk

facebook
ГРАЃАНСКИ РЕСУРСЕН ЦЕНТАР

ул. Кирил и Методиј, бр. 50, реон 7, 1000 Скопје
www.rcgo.mk

Овој билтен е подготвен со помош на Европската Унија. Содржината на овој билтен е единствена одговорност на спроведувачите на проектот и во никој случај не може да се смета дека е одраз на ставовите на Европската Унија.

Го добивте овој билтен бидејќи сте дел од листата за споделување информации.

Одјавете се доколку не сакате да добивате билтен