Отвори во прелистувач
Билтен #9
јануари-февруари 2020
Активностите на Граѓанскиот ресурсен центар - ГРЦ во јануари-февруари 2020
Обуки за видливост, мониторинг, евалуација и финансиска транспарентност

Над 50 претставници на граѓански организации стекнаа применливи знаења од областите на комуникација и видливост, мониторинг и евалуација и финансиска транспарентност и отчетност. Овие беа последните од низата обуки кои ги подготви Граѓанскиот ресурсен центар.

Поддржани седум проекти за застапување на локални иницијативи

Граѓанскиот ресурсен центар додели седум акциски грантови за застапување.

Поддржаните здруженија ќе работат на застапување на младински и родови иницијативи, подобрување на состојбите на ромската заедница, подигнување на свеста за екологијата и создавање одржлив систем за донирање на вишокот храна.

Вкупниот буџет за оваа намена е 1.224.883 денари.

Прочитајте повеќе за добитниците на грантови

Отворен ден за здруженија во рамки на Мобилниот ресурсен центар

Во февруари Граѓанскиот ресурсен центар организираше Мобилен ресурсен центар во Кратово. На настанот се дискутираше за поттикнување на волонтерството кај младите, за унапредување на соработката на здруженијата со институциите, како и за одржливо генерирање фондови за здруженијата.

Отворениот ден се организираше во партнерство со Регионалниот центар за одржлив развој (РЦОР) Кратово и Здружението за заштита на животната средина и културно историските знаменитости „Извор“ од Кратово.

Прочитајте повеќе за Мобилниот ресурсен центар во Кратово

Мотивирање нови генерации волонтери од Штип

Граѓанскиот ресурсен центар во Штип по втор пат одржа интерактивна средба со 20 ученици од локалните основни училишта.

Учесниците ги научија карактеристиките на волонтерството, размислуваа за тоа како преку волонтирањето можат да придонесат во својата средина и самите беа охрабрени да станат волонтери.

Преку работа во групи тие разменуваа искуства со нивните врсници, дискутираа за идеи и правеа планови за нивно остварување преку заедничко делување.

Прочитајте повеќе

Грантистот „Нов мост“ со нов комуникациски план

Претставници на здружението „Нов мост“ од Прилеп учествуваа на дводневна обука на која подготвија нацрт комуникациски план. Преку дефинирање на комуникациските цели, целните публики, пораките и алатките за комуникација, тие ќе работат на поголема медиумска застапеност во идниот период.

Прочитајте повеќе

Обезбедена поддршка од ГРЦ (15 февруари 2018 – 29 февруари 2020)

Одговорено на 588 барања за советодавна поддршка. Заинтересираните организации можат да постават прашања преку барањето за поддршка или да се обратат директно до канцелариите на ресурсните центри во Скопје, Штип и Гостивар.

Испратени се 467 релевантни информации до граѓанските организации. Доколку сакате да добивате информации, приклучете се на листата за дистрибуција.

Организирани се 260 настани во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар од страна на граѓански организации или други чинители. За користење на просториите, пополнете го соодветното барање.

Подготвени и споделени се 25 месечни прегледи на финансиски можности за граѓански организации за вкупно 242 отворени повици. Погледнете ги достапните месечни прегледи за финансиски можности за граѓански организации.

Подготвени и споделени се 66 неделни прегледи со информации за започнати процеси на подготовка на закони и нацрт-закони објавени на ЕНЕР и 18 месечни прегледи од следењето на отвореноста на процесите на подготовка на законите. Погледнете ги неделните и месечните прегледи.

Следни настани на ГРЦ
Kалендар на настани
  • Онлајн информативна сесија за повик на Делегација на Европска унија, 6 март 2020 година, Штип и Гостивар
  • Заштитата на личните податоци – право на секој граѓанин, информативен настан, 16 март 2020 година, Скопје
  • Мобилен ресурсен центар во Ресен, 27 март 2020 година, Ресен
  • Мобилен ресурсен центар во Гевгелија, 23 април 2020 година, Гевгелија
Поважни информации за граѓанското општество и овозможувачкото опкружување за ГО

Во овој дел од Билтенот известуваме за битни информации за граѓанското општество кои ги преземаат и спроведуваат други општествени чинители

На 22-23 јануари, во Скопје, регионалниот проект ТАКСО 3 го организираше Регионалниот форум за граѓанско општество, каде се дискутираше за ИПА 3 како и иднината на поддршката од ЕУ за граѓанските организации во регионот. Дополнително, ТАКСО 3 отвори онлајн консултации за ИПА 3.

На 30 јануари, здружението Паблик организираше средба на Мрежата на социјални претпријатија. На средбата, меѓу другото, се дискутираше за приоритетите на социјалните претпријатија во земјата. 

На 18.02.2020 година се одржаа Средба на работната група со сите чинители за спроведување на Националниот акциски план за Отворено владино партнерство 2018-2020 година и Основачка средба на мрежата на граѓански организации за Отворено владино партнерство (ОВП)

На 23 февруари, Младинскиот образовен форум и радио МОФ го организираа деветтото издание на Конференцијата за друштвен активизам ENGAGE.

На 27.02.2020, ЕВРОТИНК - Центар за Европски Стратегии и НВО Инфоцентар ја презентираа и пуштија во употреба интернет страницата – ресурсна платформа, за пристапување на Република Северна Македонија кон ЕУ - МК&ЕU"

Rendir APP е алатка за само-оценување наменета за подобрување на отчетноста на граѓанските организации. Алатката претставува брз и лесен начин за само-оценување на организациите во однос на Глобалниот стандард за отчетност на граѓанските организации и има за цел да ги посочи нивните јаки страни, како и областите во кои треба да се подобрат.

Во февруари, CARNEGIE EUROPE ја објави анализата „Новите насоки за поддршката на ЕУ за граѓанското општество: Научени лекции од Турција, Западен Балкан и Источна Европа”

Националниот ресурсен центар за граѓански организации или скратено Граѓански ресурсен центар е финансиран од Европската Унија а го спроведува Македонски центар за меѓународна соработка во партнерство со Асоцијација за демократски иницијативи АДИ, Гостивар и Медиа Плус, Штип. Проектот се спроведува од 15 февруари 2018 г. до 14 февруари 2021 г. со вкупен буџет од 507.820 евра.

Општа цел на проектот е зајакнато граѓанско општество кое активно учествува во донесувањето на одлуки и придонесува кон зајакната и партиципативна демократија во земјата. Конкретна цел на проектот е обезбедување услуги за градење капацитети на граѓанските организации за тие да бидат ефективни и отчетни независни актери и придонесување кон опкружување кое е поволно за граѓанското општество. Главна целна група се граѓанските организации во земјата, меѓутоа проектот таргетира и релевантни државни институции и други чинители во граѓанското општество.

Три ресурсни центри се отворени во Скопје, Гостивар и Штип.

РЦ Скопје

Тел: +389 2 3237 784
info@rcgo.mk

РЦ Гостивар

info.gv@rcgo.mk

РЦ Штип

Тел: +389 32 397 707 лок 208
info.st@rcgo.mk

facebook
Граѓански ресурсен центар

ул. Кирил и Методиј, бр. 50, реон 7, Скопје
Macedonia

Овој билтен е подготвен со помош на Европската Унија. Содржината на овој билтен е единствена одговорност на спроведувачите на проектот и во никој случај не може да се смета дека е одраз на ставовите на Европската Унија.

Го добивте овој билтен бидејќи сте дел од листата за споделување информации.

Одјавете се доколку не сакате да добивате билтен