Отвори во прелистувач
Билтен #10
март-април 2020
Активностите на Граѓанскиот ресурсен центар - ГРЦ во март-април 2020
Доделени седум грантови за итни интервенции

Во следните три месеци, седум граѓански организации- грантисти на Граѓанскиот ресурсен центар ќе дадат солидарен одговор на кризната состојба предизвикана од КОВИД-19. Тие ќе им помогнат на над 1.000 припадници на маргинализираните групи, социјално загрозени семејства, земјоделци и жртви на семејно насилство.

Вкупниот буџет за оваа намена е 715.631 денари.

Прочитајте повеќе за новите грантисти

Отворена за пријави е првата онлајн обука од ГРЦ Академијата

Онлајн обуката е дизајнирана за граѓанските организации да научат како подобро да ја развијат својата идеја во проектна апликација. Во период од две недели, учесниците ќе поминат низ сите точки на една вообичаена апликација за добивање грант, ќе бидат поттикнати аналитички да пристапуваат на повиците, подобро да ги разберат критериумите за оценка и на што да посветат повеќе внимание при пишување на апликацијата.

Повик за онлајн обука

Тековните грантисти покажаа солидарност кон целните групи

Седумте грантисти за застапување на локално ниво кои започна со спроведување на своите проекти од 1 март успешно се прилагодија на кризната состојба и покажаа голема проактивност и солидарност во своите заедници.

Ранливи семејства, самохрани родители и невработени од Кочани, Скопје и руралните средини на Свети Николе, покрај хуманитарна помош добија и соодветни информации за заштита од COVID-19, како и информации за економските, социјалните и здравствените мерки на државата и локалната самоуправа.

Прочитајте повеќе

Прочитајте за активностите на Светла иднина

Утврдување на потреби од градење капацитети на ГО

Граѓанскиот ресурсен центар е во процес на подготовка на третата програма за градење капацитети на граѓанските организации која ќе се спроведува од октомври 2020 год.

Со цел програмата најсоодветно да одговара на потребите на организациите, преку овој прашалник организациите можат да го дадат своето мислење и суштински да придонесат при утврдување на темите што ќе бидат опфатени со програмата.

Одговорете го прашалникот

Обезбедена поддршка од ГРЦ (15 февруари 2018 – 30 април 2020)

Одговорено на 621 барање за советодавна поддршка. Заинтересираните организации можат да постават прашања преку барањето за поддршка или да се обратат директно до канцелариите на ресурсните центри во Скопје, Штип и Гостивар.

Испратени се 504 релевантни информации до граѓанските организации. Доколку сакате да добивате информации, приклучете се на листата за дистрибуција.

Организирани се 264 настани во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар од страна на граѓански организации или други чинители. За користење на просториите, пополнете го соодветното барање.

Подготвени и споделени се 27 месечни прегледи на финансиски можности за граѓански организации за вкупно 263 отворени повици. Погледнете ги достапните месечни прегледи за финансиски можности за граѓански организации.

Подготвени и споделени се 66 неделни прегледи со информации за започнати процеси на подготовка на закони и нацрт-закони објавени на ЕНЕР и 22 месечни прегледи од следењето на отвореноста на процесите на подготовка на законите. Погледнете ги неделните и месечните прегледи.

Следни настани на ГРЦ

Поради кризата со COVID-19 сите планирани настани се одложени. Меѓутоа, Граѓанскиот ресурсен центар направи напори да вовед онлајн обуки за граѓанските организации. Следете ги нашите најави за онлајн обуките.

Поважни информации за граѓанското општество поврзани со одговорот на кризата од пандемијата КОВИД-19

Во кризната состојба предизвикана од КОВИД-19, граѓанските организации се меѓу првите кои ја препознаа итноста и покажаа голема солидарност при обезбедување поддршка на маргинализираните групи и ранливите заедници. Организациите се приспособија на новонастанатата ситуација и ги пренасочија своите редовни активности, а некои и своите проектни активности, за да одговорат на потребите на луѓето при справување со пандемијата КОВИД-19.

Во изминатиот период тие преземаа низа иницијативи и активности во области како:

  • Обезбедување и дистрибуција на хуманитарна помош до најранливите категории;
  • Услуги за набавка на лекови, прехранбени производи и средства за лична хигиена и достава на истите до домовите на стари, изнемоштени лица, хронично билни и други ранливи категории граѓани
  • Подготвување и споделување на информации, соопштенија, совети и насоки за здравствена заштита и справување со кризната состојба предизвиканата од КОВИД-19 до маргинализирани групи и до граѓаните општо;
  • Обезбедување бесплатна правна помош, психолошка поддршка и други СОС линии за поддршка на ранливите категории на граѓани во кризната состојба;
  • Сервиси за помош и поддршка на жртви на семејно насилство;
  • Изготвување и споделување анализи и истражувања за влијанието на КОВИД-19;
  • Подготвување и испраќање заеднички предлози, реакции, барања до државните институции;
  • Обезбедување на алатки, едукативни и ресурсни материјали за различни заедници.

Прочитајте повеќе

Националниот ресурсен центар за граѓански организации или скратено Граѓански ресурсен центар е финансиран од Европската Унија а го спроведува Македонски центар за меѓународна соработка во партнерство со Асоцијација за демократски иницијативи АДИ, Гостивар и Медиа Плус, Штип. Проектот се спроведува од 15 февруари 2018 г. до 14 февруари 2021 г. со вкупен буџет од 507.820 евра.

Општа цел на проектот е зајакнато граѓанско општество кое активно учествува во донесувањето на одлуки и придонесува кон зајакната и партиципативна демократија во земјата. Конкретна цел на проектот е обезбедување услуги за градење капацитети на граѓанските организации за тие да бидат ефективни и отчетни независни актери и придонесување кон опкружување кое е поволно за граѓанското општество. Главна целна група се граѓанските организации во земјата, меѓутоа проектот таргетира и релевантни државни институции и други чинители во граѓанското општество.

Три ресурсни центри се отворени во Скопје, Гостивар и Штип.

РЦ Скопје

Тел: +389 2 3237 784
info@rcgo.mk

РЦ Гостивар

info.gv@rcgo.mk

РЦ Штип

Тел: +389 32 397 707 лок 208
info.st@rcgo.mk

facebook
Граѓански ресурсен центар

ул. Кирил и Методиј, бр. 50, реон 7, Скопје
Macedonia

Овој билтен е подготвен со помош на Европската Унија. Содржината на овој билтен е единствена одговорност на спроведувачите на проектот и во никој случај не може да се смета дека е одраз на ставовите на Европската Унија.

Го добивте овој билтен бидејќи сте дел од листата за споделување информации.

Одјавете се доколку не сакате да добивате билтен