Отвори во прелистувач
Билтен #6
септември 2019

Почитувани,

Во овој број покрај информациите за активностите на Граѓанскиот ресурсен центар ве информираме за низа настани и иницијативи што се случија во септември како 15-тата седница на Советот, фестивалот “Ден на граѓанските организации”, Мислењето за поддршката на ЕУ за граѓанското општество во земјите за проширување итн.

Со почит,
Тимот на Граѓанскиот ресурсен центар

Активностите на Граѓанскиот ресурсен центар во септември 2019
Спроведена работилница за грантистите на ГРЦ

Грантистите на Граѓанскиот ресурсен центар учествуваа на дводневна работилница на која ги споделија своите очекувања од менторскиот процес, но и заедно работеа на финализирање на плановите за менторска интервенција. Работилницата се одржа на 24 и 25 септември 2019 година во просториите на МЦМС, а учесници беа спроведувачите на партнерските грантови за организациски развој.

Организирани информативни сесии за отворениот повик

Граѓанскиот ресурсен центар ги посети Тетово, Велес и Прилеп од 17 до 19 септември, каде одржа информативни сесии за новиот повик за доделување мали акциски грантови за застапување.

На овој повик ќе бидат доделени десет грантови, секој во висина од најмалку 2.000 евра а најмногу 3.000 евра.

Повикот е објавен на 10 септември а рок за аплицирање е 10 октомври.

Организирани средби на Мобилниот ресурсен центар

Во септември Граѓанскиот ресурсен центар организираше Мобилeн ресурсен центар во Кавадарци. Средбата помина во знакот на отворениот повик за мали акциски грантови за застапување. Дополнително, учесниците се заинтересираа за новата програма за градење капацитети на граѓанските организации, која што треба да започне од октомври, како и за бесплатните простории на ГРЦ кои се даваат на располагање на здруженијата.

ИГИ – препознатливо здружение кај младите екологисти од Гостивар

Зајакнувањето на здружението Иницијатива за граѓански интеграции -ИГИ од Гостивар е уште една успешна приказна на ГРЦ. „Заедничките средби реализирани во ГРЦ ни овозможија да се запознаеме и со другите организации во градот и да реализираме неколку заеднички еко-акции. Оттука, просториите на ГРЦ меѓу локалните граѓански организации станаа препознатливо место за вмрежување и планирање акции со кои би се подобрил животот во Гостивар“, велат од здружението.

Обезбедена поддршка од ГРЦ (15 февруари 2018 – 30 септември 2019)

Одговорено е на 477 барања за советодавна поддршка. Заинтересираните организации можат да постават прашања преку барањето за поддршка или да се обратат директно до канцелариите на ресурсните центри во Скопје, Штип и Гостивар.

Испратени се 359 релевантни информации до граѓанските организации. Доколку сакате да добивате информации, приклучете се на листата за дистрибуција.

Организирани се 192 настани во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар од страна на граѓански организации или други чинители. За користење на просториите, пополнете го соодветното барање.

Подготвени и споделени се 20 месечни прегледи на финансиски можности за граѓански организации за вкупно 205 отворени повици. Погледнете ги достапните месечни прегледи за финансиски можности за граѓански организации.

Подготвени и споделени се 54 неделни прегледи со информации за започнати процеси на подготовка на закони и нацрт-закони објавени на ЕНЕР и 15 месечни прегледи од следењето на отвореноста на процесите на подготовка на законите. Погледнете ги неделните и месечните прегледи.

Следни настани на ГРЦ
Kалендар
  • Обука за граѓанско учество во процесот на донесување одлуки на локално ниво, 28-29 октомври 2019 година, Скопје
  • Мобилен ресурсен центар во Охрид, 25 октомври 2019 година, Охрид
  • Мобилен ресурсен центар во Неготино, 30 октомври 2019 година, Неготино
  • Обука за пишување на проектна апликација – од проектна идеја до успешна проектна апликација, 12-13 ноември 2019 година, Штип
Поважни информации за граѓанското општество и овозможувачкото опкружување за ГО

Во овој дел од Билтенот редовно ќе известуваме за битни информации за граѓанското општество кои ги преземаат и спроведуваат други општествени чинители

На 24-ти септември, Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор ја одржа својата 15-та седница.

На оваа седница, меѓу другото се дискутираше и за работата на Комисијата за распределба на финансиски средства наменети за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите од Буџетот за 2019 г.

Нацрт Записник од 15-та седница на Советот

На 14.09.2019 година во Скопје се одржа Фестивалот „Ден на граѓанските организации“ во рамки на Цивика мобилитас

Програмата ја сочинуваа повеќе од 80 паралелни настани, а посетителите се информираа за работата на граѓанските организации, нивните постигнувања како и за можностите да бидат вклучени во нивните активности.

Прочитајте повеќе за настанот

На 26 септември 2019 година, Центарот за граѓански комуникации ја објави Базата на податоци за јавни набавки на општините во 2018 година.

Вредност изнесува 97 милиони евра што е 17 милиони евра, односно за 21% повеќе од 2017 година. Базата содржи податоци за сите 3898 договори за јавни набавки што локалните власти ги склучиле со 1331 фирма.

Прочитајте повеќе

На 23 септември 2019 година, Платформата на граѓански организации за борба против корупција одржа конференција за започнување на проектот “Набљудување на успешноста на работата на Државната комисија за спречување на корупција” поддржан од ФООМ.

Прочитајте повеќе за настанот

На 25 септември 2019 година, здружението ЦИВИЛ ја организираше Конференцијата за изборни реформи: Перспективите на македонските избори.

Прочитајте повеќе за настанот

Балканската мрежа за развој на граѓанското општество го објави своето Мислење за поддршката на ЕУ за граѓанското општество во земјите за проширување: 10 години од Структурата за поддршка на граѓанското општество: Како понатаму да се зајакне граѓанското општество во земјите за проширување.

Прочитајте повеќе

РЦ Скопје

Тел: +389 2 3237 784
info@rcgo.mk

РЦ Гостивар

info.gv@rcgo.mk

РЦ Штип

Тел: +389 32 397 707 лок 208
info.st@rcgo.mk

facebook
ГРАЃАНСКИ РЕСУРСЕН ЦЕНТАР

ул. Кирил и Методиј, бр. 50, реон 7, 1000 Скопје
www.rcgo.mk

Овој билтен е подготвен со помош на Европската Унија. Содржината на овој билтен е единствена одговорност на спроведувачите на проектот и во никој случај не може да се смета дека е одраз на ставовите на Европската Унија.

Го добивте овој билтен бидејќи сте дел од листата за споделување информации.

Одјавете се доколку не сакате да добивате билтен