Во октомври Владата ја усвои третата Стратегија за соработка со и развој на граѓанскиот сектор со акциски план 2018-2020 година. Стратегијата содржи триесет и една мерка кои се систематизирани во три области: Нормативна, институционална и финансиска рамка за развој на граѓанскиот сектор; Демократизација, активно учество на граѓанскиот сектор во општествените процеси, во креирањето и следењето на политиките, со посебен фокус на процесот на интеграција во Европската Унија; и Граѓанскиот сектор како чинител во социјално-економскиот развој. Дел од мерките предвидени со Стратегијата се: измени на Законот за здруженија и фондации; измени на Законот за игрите на среќа и за забавните игри; воспоставување транспарентен модел за државно финансирање со воспоставување единствен фонд за институционален развој на ГО и за кофинансирање на ЕУ проекти...
Преземи ги Стратегијата и Акцискиот план
Во април е формиран Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор како советодавно тело на Владата за унапредување на соработката, дијалогот и поттикнување на развојот на граѓанското општество во земјата. Советот е составен од 31 член, од кои 16 се претставници на граѓански организации избрани на отворен повик а останатите 15 членови се претставници на органите на државната управа. Во периодот 16 април - 31 декември Советот има одржано девет седници на кои беа дискутирани прашања како: Стратегијата за соработка со и развој на граѓанскиот сектор; Учество на јавноста во донесување одлуки во област на животната средина; Заклучоци од јавната дебата за реформа на начинот на финансирање на организациите на лица со хендикеп; Предлог-закон за социјална заштита; Изработка на предлог-модел за вклучување на граѓанските организации во процесот на преговори со Европската Унија...
Повеќе за надлежностите, работата и членовите на Советот
|