Отвори во прелистувач
Билтен #8
ноември-декември 2019
Активностите на ГРЦ во ноември-декември 2019
Обуки за генерирање фондови и истражување

Над 50 претставници на граѓански организации стекнаа применливи знаења од областите на генерирање фондови, пишување проектни апликации и употреба на истражувачки методи. Овие беа последните од низата обуки во 2019 година.

Основците во посета на Ресурсните центри

Ресурсните центри од Скопје, Штип и Гостивар одржаа интерактивни информативни средби со ученици од локалните основни училишта на 27 декември 2019 година. 

Како „влезница“ за средбата, учениците донесоа рачно изработени украси од рециклирани материјали со кои ги украсија новогодишните елки на Ресурсните центри.

Прочитајте повеќе

Партнерско зајакнување на грантистите на ГРЦ

Продолжи спроведувањето на активностите во рамки на партнерските грантови за организациски развој доделени во рамки на Граѓанскиот ресурсен центар. Мрежата на млади фармери и Нексус ги ревидираа и поставија новите организациски стратегии, Нов мост ги јакнеа своите капацитети преку три обуки, Призма се обучија за мониторинг на буџетските процеси, додека членовите на Велес Бајкинг се обучија за административно и финансиско управување и раководење со проектен циклус. Овие активности ги направија во соработка со нивните партнерски организации со кои заедно го спроведуваат грантот од ГРЦ.

„Волонтирањето е паметно донирање во заедницата“

Над 70 учесници се информираа за волонтерството, законската рамка и насоките за поттикнување на волонтерството за време на информативната сесија на Граѓанскиот ресурсен центар која се одржа на 4 декември во Штип.
На настанот се споделија успешни локални примери на волонтирање во заедницата, се дискутираше идната Стратегија за волонтерство, како и улогата на здруженијата и бизнисите како организатори на волонтерска работа. Освен тоа, посебен акцент се стави на важноста правилно да се разбере терминот „волонтирање“ и да се разбие постоечката култура на неволонтирање.

Прочитајте повеќе

Обезбедена поддршка од ГРЦ (15 февруари 2018 – 31 декември 2019)

Одговорено е на 542 барања за советодавна поддршка. Заинтересираните организации можат да постават прашања преку барањето за поддршка или да се обратат директно до канцелариите на ресурсните центри во Скопје, Штип и Гостивар.

Испратени се 432 релевантни информации до граѓанските организации. Доколку сакате да добивате информации, приклучете се на листата за дистрибуција.

Организирани се 251 настани во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар од страна на граѓански организации или други чинители. За користење на просториите, пополнете го соодветното барање.

Подготвени и споделени се 23 месечни прегледи на финансиски можности за граѓански организации за вкупно 224 отворени повици. Погледнете ги достапните месечни прегледи за финансиски можности за граѓански организации.

Подготвени и споделени се 64 неделни прегледи со информации за започнати процеси на подготовка на закони и нацрт-закони објавени на ЕНЕР и 19 месечни прегледи од следењето на отвореноста на процесите на подготовка на законите. Погледнете ги неделните и месечните прегледи.

Следни настани на ГРЦ
Kалендар на настани
Поважни информации за граѓанското општество и овозможувачкото опкружување за ГО

Во овој дел од Билтенот редовно ќе известуваме за битни информации за граѓанското општество кои ги преземаат и спроведуваат други општествени чинители

Во ноември и декември, Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор ги одржа 17-та седница и 18-та (дописна) седница.

На редовната седница, меѓу другото се дискутираше и за нацрт-анализата за финансиската поддршка на здруженијата и фондациите од Буџетот со Компаративна анализа на моделите за државно финансирање од другите земји и Предлог-моделот за Фонд за институционална поддршка на граѓанските организации и ко-финансирање на ЕУ-проектите во Македонија и Нацрт-планот за комуникација на Советот.


Во периодот 12-15 ноември, МЦМС и Одделението за соработка со НВО организираа три консултативни средби со граѓанските организации за предлог-приоритетните цели за Програмата за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите за 2020 година.


На 27 ноември, петнаесет претставници од десетина медиумски организации и институции (ЗНМ, ЦРМ, МИМ, БИРН, Метаморфозис, Совет за етика во медиуми, ССНМ, ИРЛ, АВМУ, Инбокс 7), во организација на НВО Инфоцентарот и Транспарентност Македонија, дискутираа за финансирањето на медиумите од јавни средства, за опасностите од корупција и самокорупција на медиумите, како и за начините/механизмите за поддршка на медиумите, но и минимизирање на ризиците од влијание на власта, политичките партии и центрите на моќ врз новинарите и медиумите на национално и локално ниво.


На 27 ноември, десет мрежи на невладини организации, на прес конференција повикаа на итен избор и именување на кадри во повеќе институции и тела од страна на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата.


На 27 ноември, Го Грин организираше јавна трибина за шест нови предлог закони за отпад предложени од Министерството за животна средина и просторно планирање.


На 13 декември, во Скопје, Регионалната мрежа за развој и интегритет на Југоисточна Европа (СЕЛДИ) и Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата организираа регионален форум за борба против корупцијата.


На 18 декември, Центарот за економски анализи – Скопје (ЦЕА) и Институтот за демократија „Социетас Цивлис“ (ИДСЦС) ја одржа завршната конференција „Проценка на влијание на регулатива – Суштински процес или формалност?“, во рамки на проектот „Проценка на влијанието на регулативата во сенка: Промовирање на креирање на политики базирани на докази“, финансиски поддржан од Делегацијата на Европската Унија во Скопје.


На 23 декември, регионалниот проект ТАКСО организираше средба со граѓанските организации за презентирање на Нацрт извештајот за проценка на потребите на граѓанското општество од Западен Балкан и Турција, со фокус на Македонија, за прибирање коментари од клучните засегнати страни и валидација на наодите од истражувањето.


На 24 декември, Иницијативниот одбор за формирање мрежа на граѓански организации за Отворено владино партнерство одржа средба со претставници од Министерството за информатичко општество и администрација и Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер. Оваа иницијална средба имаше за цел започнување на процесот на консултации за потребата, улогата и постапката за воспоставување нова структура за координација на процесот на ОВП во државата.


На 25 декември, Министерството за информатичко општество и администрација ја претстави надградбата на ЕНЕР. Фокусот е ставен на консултациите со сите засегнати страни при сите фази на креирање на политики и донесување на закони. Надградбата треба да овозможи комуникација и на останатите материјали што институциите ги подготвуваат, како и електронско поднесување на иницијативи од граѓаните и граѓанските организации.


На 25 декември, Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство ја презентираше анализата на тема „Родовиот аспект и жртвите на родово базирано и семејно насилство во Законот за социјална заштита на Република Северна Македонија“.

Националниот ресурсен центар за граѓански организации или скратено Граѓански ресурсен центар е финансиран од Европската Унија а го спроведува Македонски центар за меѓународна соработка во партнерство со Асоцијација за демократски иницијативи АДИ, Гостивар и Медиа Плус, Штип. Проектот се спроведува од 15 февруари 2018 г. до 14 февруари 2021 г. со вкупен буџет од 507.820 евра.

Општа цел на проектот е зајакнато граѓанско општество кое активно учествува во донесувањето на одлуки и придонесува кон зајакната и партиципативна демократија во земјата. Конкретна цел на проектот е обезбедување услуги за градење капацитети на граѓанските организации за тие да бидат ефективни и отчетни независни актери и придонесување кон опкружување кое е поволно за граѓанското општество. Главна целна група се граѓанските организации во земјата, меѓутоа проектот таргетира и релевантни државни институции и други чинители во граѓанското општество.

Три ресурсни центри се отворени во Скопје, Гостивар и Штип.

РЦ Скопје

Тел: +389 2 3237 784
info@rcgo.mk

РЦ Гостивар

info.gv@rcgo.mk

РЦ Штип

Тел: +389 32 397 707 лок 208
info.st@rcgo.mk

facebook
Граѓански ресурсен центар

ул. Кирил и Методиј, бр. 50, реон 7, Скопје
Macedonia

Овој билтен е подготвен со помош на Европската Унија. Содржината на овој билтен е единствена одговорност на спроведувачите на проектот и во никој случај не може да се смета дека е одраз на ставовите на Европската Унија.

Го добивте овој билтен бидејќи сте дел од листата за споделување информации.

Одјавете се доколку не сакате да добивате билтен