Отвори во прелистувач
Билтен #7
октомври 2019

Почитувани,

Во овој број ве информираме за тековните и идните активности на ГРЦ за градење капацитети на граѓанските организации. Дополнително, прочитајте за некои од активностите и настаните спроведени од други организации во октомври.

Со почит,
Тимот на Граѓанскиот ресурсен центар

Активностите на Граѓанскиот ресурсен центар во октомври 2019
Спроведена обука за граѓанско учество во донесување одлуки на локално ниво

Дваесет и една организација активно учествуваа на обуката за принципите и концептите на граѓанско учество во донесување одлуки на локално ниво одржана на 28-29 октомври. Ова обука е прва од седумте обуки планирани во рамки на Граѓанскиот ресурсен центар за периодот октомври 2019 – февруари 2020.

Прочитајте повеќе за обуката

Прочитајте повеќе за програмата за градење капацитети

Нови можности за стекнување вештини

Граѓанскиот ресурсен центар објави отворен повик за учество на следните две обуки:

  • Обука за генерирање на фондови, 20-21 ноември 2019, Скопје
  • Обука за истражување и методи за истражување 5-6 декември 2019, Штип

Заинтересираните претставници на граѓански организации треба да ја пополнат соодветната пријава и да ја испратат на info@rcgo.mk најдоцна до 16:00 часот на 15.11.2019.

Прочитајте повеќе

Организирани средби на Мобилниот ресурсен центар

Во октомври Граѓанскиот ресурсен центар организираше Мобилeн ресурсен центар во Охрид и во Неготино. Во рамки на настаните, тимот на ГРЦ ги запозна учесниците со клучните активности на проектот и сподели информации зажни за развојот на граѓанското општество поврзани со стратешко планирање и мобилизирање на ресурси.  

Прочитајте повеќе за посетата на Мобилниот ресурсен центар во Охрид.

Преку партнерски грантови до зајакнати капацитети

Продолжи спроведувањето на активностите во рамки на партнерските грантови за организациски развој доделени во рамки на Граѓанскиот ресурсен центар. Во октомври, Велес Бајкинг со менторската организација Центар за економски анализи ја одржаа втората работна средба за стратешко планирање, членовите на Призма-Центар за општествени истражувања и развој се обучија за раководење со проектен циклус и пристап до фондови со помош на Форум ЦСИД – Центар за стратешки истражувања и документација.

Обезбедена поддршка од ГРЦ (15 февруари 2018 – 31 октомври 2019)

Одговорено е на 501 барања за советодавна поддршка. Заинтересираните организации можат да постават прашања преку барањето за поддршка или да се обратат директно до канцелариите на ресурсните центри во Скопје, Штип и Гостивар.

Испратени се 382 релевантни информации до граѓанските организации. Доколку сакате да добивате информации, приклучете се на листата за дистрибуција.

Организирани се 211 настани во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар од страна на граѓански организации или други чинители. За користење на просториите, пополнете го соодветното барање.

Подготвени и споделени се 21 месечни прегледи на финансиски можности за граѓански организации за вкупно 213 отворени повици. Погледнете ги достапните месечни прегледи за финансиски можности за граѓански организации.

Подготвени и споделени се 58 неделни прегледи со информации за започнати процеси на подготовка на закони и нацрт-закони објавени на ЕНЕР и 16 месечни прегледи од следењето на отвореноста на процесите на подготовка на законите. Погледнете ги неделните и месечните прегледи.

Следни настани на ГРЦ
Kалендар
  • Обука за пишување на проектна апликација – од проектна идеја до успешна проектна апликација, 12-13 ноември 2019 година, Штип
  • Обука за генерирање фондови, 20-21 ноември 2019 година, Скопје
  • Мобилен ресурсен центар во Кратово, 28 ноември 2019 година, Кратово
  • Дебата за волонтерство, 4 декември 2019 година, Штип
  • Обука за истражување и методи за истражување, 5-6 декември 2019 година, Штип
Поважни информации за граѓанското општество и овозможувачкото опкружување за ГО

Во овој дел од Билтенот редовно ќе известуваме за битни информации за граѓанското општество кои ги преземаат и спроведуваат други општествени чинители

На 28-ми октомври, Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор ја одржа својата 16-та седница.  

На оваа седница, меѓу другото се дискутираше и за утврдување на приоритетните области за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите од Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година.

Нацрт Записник од 16-та седница на Советот

На 30-ти октомври 2019 година во МЦМС, Скопје се одржа работилницата “Како да ги подобриме транспарентноста и отчетноста на граѓанските организации во Македонија”

Прочитајте повеќе за работилницата

На 29-ти октомври, во просториите на Советот на Општина Чаир се одржа Панел Дискусија насловена „Децентрализацијата како клуч за регионалниот развој“ организирана од Европско движење на Република Македонија.

Прочитајте повеќе за дискусијата и заклучоците

На 3-ти октомври, во хотел Арка, Скопје, ЛГБТИ Центарот за поддршка, во соработка со Коалиција Маргини, ја организира еднодневната конференција “Унапредување на законската рамка за заштита на човековите права на трансродовите луѓе во Република Северна Македонија.”

Прочитајте повеќе за настанот

На 17-ти октомври 2019 година, во пресрет на Европскиот ден за борба против трговијата со луѓе, Македонското здружение на млади правници го промовираше Извештајот на тема “Трговија со луѓе и криумчарење на мигранти во Северна Македонија”.

Прочитајте повеќе за настанот и извештајот 

На 8-ми октомври 2019 беше отворена MLUDIHUB – Канцеларија на претседателот на Република Северна Македонија. MLADIHUB е проект на Националниот младински совет на Македонија кој има цел развој и унапредување на дигиталните вештини кај младите од 15-29 години во размена за општокорисна работа.

MLADIHUB

По 1990 година, американските и европските фондации и владини агенции инвестираа во серија партнерства и фондови за поддршка на граѓанското општество во Централна и Источна Европа, Балтикот, Балканот и Црното Море. Тројца долгогодишни вработени во фондацијата во САД го разгледуваат наследството и влијанието на ова финансирање и развиваат серија лекции за практичарите кои сакаат да разберат кои се најдобрите начини за опстојување на граѓанското општество на долг рок. Врз основа на нивната анализа, во октомври подготвен е Извештај за граѓанското општество во Источна Европа и Балканот.

Одржливост на граѓанското општество – лекции од пет избрани фондови во Источна Европа

РЦ Скопје

Тел: +389 2 3237 784
info@rcgo.mk

РЦ Гостивар

info.gv@rcgo.mk

РЦ Штип

Тел: +389 32 397 707 лок 208
info.st@rcgo.mk

facebook
Nacionalen Resursen Centar

Nikola Parapunov 41a, Skopje
Macedonia

Овој билтен е подготвен со помош на Европската Унија. Содржината на овој билтен е единствена одговорност на спроведувачите на проектот и во никој случај не може да се смета дека е одраз на ставовите на Европската Унија.

Го добивте овој билтен бидејќи сте дел од листата за споделување информации.

Одјавете се доколку не сакате да добивате билтен