Отвори во прелистувач
Билтен #2
март 2019
Активностите на Граѓанскиот ресурсен центар во период 15 февруари – 31 март
Организациите со здруженост и транспарентност до помала политизираност

Граѓанскиот ресурсен центар ја организираше дебатата “Политички активни, партиски независни – граѓанските организации во интерес на јавноста” на 21-ви февруари во Скопје. На настанот беа споделени меѓународните трендови на слобода и ограничување за политичко делување на граѓанските организации; се дискутираше за неутралноста на организациите наспроти потребата да се вклучуваат во креирањето политики; а се презентираа и ставовите на јавноста и на политичките партии за улогата на граѓанските организации. Говорници беа: Гордан Георгиев, универзитетски професор; Катерина Хаџи-Мицева Еванс од Европскиот центар за меѓународно право; Ирена Иванова од Делегација на Европска Унија и Емина Нурединоска од Македонски центар за меѓународна соработка.

Прочитајте повеќе

Повеќекратната дискриминација – предизвици и можни решенија

Граѓанскиот ресурсен центар на 28 март во своите простории во Скопје ја организираше дебатата за повеќекратна дискриминација. На настанот се презентираше законската рамка, моменталната состојба, искуствата и практиките во справувањето со повеќекратната дискриминација. Освен тоа, дебатата отвори и дискусија за мерките за заштита од повеќекратна дискриминација, посебно интерсекциската дискриминација.
Говорници беа: Жанета Попоска од Мисијата на ОБСЕ во Скопје; Ѓултен Мустафова од Министерството за труд и социјална политика; и Игор Јадровски од Хелсиншки комитет за човекови права.

Прочитајте повеќе

Организирани средби на Мобилниот ресурсен центар

Преку Мобилниот ресурсен центар локалните организации се информираат за случувањата во граѓанското општество, за услугите на Граѓанскиот ресурсен центар, имаат можност да стапат во контакт и да започнат соработка со други организации, а исто така и да го споделат нивното искуство и да го дискутираат локалниот контекст на нивното делување како и предизвиците со кои се соочуваат.

Прочитајте повеќе за Мобилниот ресурсен центар во Струга, Виница и Свети Николе.

Организациите се запознаа со работата во мрежи, партнерства и коалиции

Граѓанскиот ресурсен центар во Скопје на 27 и 28 февруари, ја организираше шестата и воедно последна обука од циклусот обуки планирани за првата година. Таа беше посветена на тематското вмрежување, партнерствата и коалициите. Учесниците кои доаѓаа од 17 граѓански организации се запознаа со можностите за соработка во граѓанското општество и градење партнерства меѓу здруженијата како и со различните методи, техники и алатки за комуникација, одржување на партнерски релации и коалицирање.

Прочитајте повеќе

Обезбедена поддршка од ГРЦ (15 февруари 2018 – 31 март 2019)

Одговорено на 299 барања за советодавна поддршка. Заинтересираните организации можат да постават прашања преку барањето за поддршка или да се обратат директно до канцелариите на ресурсните центри во Скопје, Штип и Гостивар.

Испратени се 218 релевантни информации до граѓанските организации. Доколку сакате да добивате информации, приклучете се на листата за дистрибуција.

Организирани се 108 настани во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар од страна на граѓански организации или други чинители. За користење на просториите, пополнете го соодветното барање.

Подготвени и споделени се 14 месечни прегледи на финансиски можности за граѓански организации за вкупно 146 отворени повици. Погледнете ги достапните месечни прегледи за финансиски можности за граѓански организации.

Подготвени и споделени се 35 неделни прегледи со информации за започнати процеси на подготовка на закони и нацрт-закони објавени на ЕНЕР и девет месечни прегледи од следењето на отвореноста на процесите на подготовка на законите. Погледнете ги неделните и месечните прегледи.

Следни настани на ГРЦ
Kалендар на настани
  • Информативна сесија за повик за партнерски грантови за организациски развој, 15 април 2019, Граѓански ресурсен центар, Скопје
  • Информативна сесија за повик за партнерски грантови за организациски развој, 18 април 2019 година, Струмица, во Центар на заедницата на општина Струмица, Адреса: ул. „Благој Мучето“ бр. 37 (Дом на АРМ)
  • Информативна сесија за повик за партнерски грантови за организациски развој, 19 април 2019 година, Кичево, во салата на Советот на Општина Кичево
  • Информативна сесија за повик за партнерски грантови за организациски развој, 22 април 2019 година, Битола, во салата за седници на Советот на општина Битола
  • Мобилен ресурсен центар во Дебар, 23 април 2019 година, Дебар
  • Мобилен ресурсен центар во Радовиш, 24 април 2019 година, Радовиш
Поважни информации за граѓанското општество и овозможувачкото опкружување за ГО

Во овој дел од Билтенот редовно ќе известуваме за битни информации за граѓанското општество кои ги преземаат и спроведуваат други општествени чинители

На својата единаесетта седница, одржана на 19-ти март, членовите на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор меѓу другото дискутираа и за Информацијата за финансиската поддршка на здруженија и фондации од Буџетот во 2018 година и планирани средства во 2019 година. Според оваа информација подготвена од Одделението за соработка со НВО, во 2018 година се доделени вкупно 428.903.454,00 денари финансиска поддршка на 888 здруженија и фондации, од кои 389.990.426,00 денари се доделени по пат на јавен оглас на 853 здруженија и фондации а 37.857.781,00 денари се доделени без јавен оглас на 35 здруженија и фондации. Документот содржи информации и за планираните средства за финансиска поддршка на здруженија и фондации за 2019 година.

Според нацрт-записникот од оваа седница на Советот, Советот го задолжи Одделението за соработка со НВО да ја дополни Информацијата со податоци за: правниот основ за финансиска поддршка на граѓанските организации кај одделните институции, консултации со организациите при утврдување на приоритетите за финансирање, начинот на објавување на огласите, учество на граѓанските организации во комисиите за евалуација, објавување на одлуките за распределба и причини (правен основ) за доделување на финансиски средства без јавен оглас.

На 25 февруари во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар во Скопје се одржа првата средба меѓу новиот состав на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) и Платформата на граѓански организации за борба против корупција, на која се дискутираа идеи за соработка и синергија во кои со здружени сили можат поефикасно да се борат против корупцијата.

Новиот состав на ДКСК беше избрани преку потранспарентна постапка за избор во која претставници на граѓанските организации беа активно вклучени. Постапката за избор беше направена согласно новиот Закон за спречување на корупцијата и судирот на интереси кој што стапи на сила во јануари 2019 год.

РЦ Скопје

Тел: +389 2 3237 784
info@rcgo.mk

РЦ Гостивар

info.gv@rcgo.mk

РЦ Штип

Тел: +389 32 397 707 лок 208
info.st@rcgo.mk

facebook
ГРАЃАНСКИ РЕСУРСЕН ЦЕНТАР

ул. Кирил и Методиј, бр. 50, реон 7, 1000 Скопје
www.rcgo.mk

Овој билтен е подготвен со помош на Европската Унија. Содржината на овој билтен е единствена одговорност на спроведувачите на проектот и во никој случај не може да се смета дека е одраз на ставовите на Европската Унија.

Го добивте овој билтен бидејќи сте дел од листата за споделување информации.

Одјавете се доколку не сакате да добивате билтен