Во август, Граѓанскиот ресурсен центар го подготви својот втор повик за доделување на грантови на граѓанските организации.
Целта на повикот за мали акциски грантови за застапување е поддршка на локалните организации во подготовка и спроведување иницијативи за застапување, придонес кон подобри локални политики и активности на локално ниво.
На повикот ќе бидат доделени не повеќе од десет грантови, секој во висина од најмалку 2.000 евра а најмногу 3.000 евра.
Повикот е објавен на 10 септември а рок за аплицирање е 10 октомври.
Три информативни сесии ќе бидат организирани за повикот на:
- 17.09.2019 од 12:00 часот, во Тетово
- 18.09.2019 од 12:00 часот во Велес
- 19.09.2019 од 12:00 часот во Прилеп
Отворен повик
|